Првиот натпреварувачки ден од Ролан Гарос донесе уште едно огромно изненадување, откако актуелната шампионка Јелена Остапенко беше елиминирана на стартот од одбраната на трофејот. Таа денеска против себе ја имаше Катерина Козлова и беше изненадена од руската тенисерка со 0-2 во сетови.
Козлова го доби првиот сет со 5-7, но потоа Остапенко поведе со 2-0 на самиот старт од вториот сет. Сепак, белоруската тенисерка не успеа да го задржи ритамот, набрзо следеше пресврт и пораз на бранителката на трофејот, која по прераната елиминација најверојатно ќе испадне и од Топ 10 тенисерките на ВТА-листата.
Покрај Остапенко елиминирана во првото коло е Венус Вилијамс, како и Јохана Конта, која загуби со 0-2 од Путинцева од Казахстан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА