Шампионот на Македонија Пелистер со денешниот работен состанок и прв тренинг означи почеток на сезоната 2023/24. Тренерот Александар Јовиќ, стручниот тим менаџер Звонко Шундовски и стручниот штаб ја одработија првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“.
На прозивката беа присутни новајлиите: Борзаш, Нилсен, Петровиќ, Ѓорѓовски и Цехте. Утре во 8.30 часот изутрина експедицијата на Пелистер заминува на базични подготовки во Маврово, каде ќе работи на дваесет тренинг сесии до први август, кога е предвидено враќање во Битола.
Втората фаза на подготовки Еурофарм Пелистер ќе ја реализира во Битола на почетокот на месец август, а предвидени се и два тест-натпревари против Еурофарм Пелистер.
Од средината на август следуваат турнирските натпревари:
Добој (14-18 август)
Група А: Еурофарм Пелистер (Македонија), Слога Добој (БиХ), Монпелје (Франција), Ал-Ахли (Египет)
Група Б: Барселона (Шпанија), Загреб (Хрватска), Целје Пивоварна Лашко (Словенија), Војводина (Србија)
Охрид (23-26 август)
Група А: ГРК Охрид (Македонија), Бешикташ (Турција), Голден Арт (Македонија), Олимпијакос (Грција)
Група Б: Еурофарм Пелистер (Македонија), Металопластика Шабац (Србија), Татран Прешов (Словачка), Бутел Скопје (Скопје)
Официјални натпревари:
Суперкуп на Македонија: Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 (не е дефиниран термин)
Суперлига – прво коло: Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер (9/10 септември)
Лига на шампиони – прво коло: Еурофарм Пелистер – Колштад (13/14 септември)
Дојдоа:
Урош Борзаш (Елверум), Нејц Цехте (ГОГ Гудме), Андреас Јохан Нилсен (Морс), Павле Петровиќ, Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2)
Заминаа:
Себастијан Хенеберг (Фредериција), Мохамед Суси (Ал Салмија), Усама Хосни (Ал Араби), Гоце Ојлески, Милорад Кукоски (Охрид), Мартин Велковски (Алкалоид), Мирко Радовиќ (Ловќен)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА