Сите три македонски екипи одиграа без победник на денешните пријателски натпревари во турска Анталија.
По Вардар и Пелистер, и Шкендија ремизираше на тест дуелот со укранскиот првлолигаш Олександрија.
Тетовци одиграа 1-1, и покрај тоа што имаа предност од 1-0 по првото полувреме со голот на Зејнулаи во 33. минута од средбата. Но, Украинците успеаја во 64. минута со голот на Џонатан да израмнат за конечни 1-1 на тест-дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

