И екипата на Шкендија ги започна подготовките под водство на новиот тренер Јетон Беќири, кој повторно се враќа во тетовскиот тим во улога на шеф на стручниот штаб.
Тетовските „црвено-црни“ денеска го имаа првиот собир, на кој Беќири им го соопшти на играчите планот на подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Денеска тимот имаше лесен тренинг, а утре ќе бидат извршени и медицински прегледи. До 26 јануари екипата ќе тренира во тетово, а од 27 јануари до 9 февруари екипата заминува на подготовки во Анталија. Таму ќе бидат одиграни четири контролни натпревари.
Како што информираат од клубот, во следните денови ќе бидат официјализирани и првите засилувања во екипата, а ќе можно е да има и заминувања. Целта на клубот е враќање на титулата во ПМФЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

