И Шкендија стартуваше со подготовките, под водство на Брдариќ (ФОТО)

И тетовска Шкендија денеска ги почна подготовките за пролетниот дел од шампионат.

Фудбалерите денеска имаа можност да се запознаат со новиот шеф на стручен штаб, Томас Брдариќ кој презентираше програмата за подготвителниот период. Од 10. до 18. јануари тетовци ќе бидат во Охрид, а потоа се селат во Анталија каде од 21. јануари до 5. февруари ќе бидат реализирани главните подготовки.

brdaric skendija

На првиот собир недостасуваа единствено бразилските фудбалери, Жуниор и Јуфо, кои ќе се приклучат во следните два дена.

Според плановите на Брдариќ во Охрид ќе бидат одиграни и два пријателски натпревари, а за време на престојот во Анталија планирани се уште четири контролни дуели. Генералната контрола пред стартот на пролетта е планирана за 12. февруари. Во првото коло од пролетниот дел Шкендија во Тетово го пречекува тимот на Силекс.

Се вчитува...