И Шкупи и Македонија ЃП од македонските прволигаши денеска означија почеток на зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Шкупи, поради божиќните празници, почна со половина тим, а од утре во комплетен состав ќе се продолжи со подготовки.
Македонија ЃП, пак, првата прозивка ја означи и се своите досегашни засилувања меѓу кои и Крсте Велкоски од Работнички.
Македонија ЃП е најактивен тим на трансфер пазарот низ досегашниот тек од паузата. Досега „лавовите“, покрај со Велкоски, се засилија и со Џонатан Балотели, Давид Родригез Лопез и Џонатас да Силва. Во пролетниот дел дресот на Македонија ЃП нема да го носат Андреј Јаго, Ристе Темелков, Филип Алексовски, Драган Стојков и Кристијан Стојкоски кои заминаа од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

