И Шкупи се збогуваше со Младен Жижовиќ

Поранешниот тренер на Шкупи, Младен Жижовиќ вчера го загуби животот откако му се слоши на натпревар, објавија медиумите од Србија.

Жижовиќ кој неодамна го превзема Раднички мораше со брза помош да биде префрлен во болница откако му се сложи за време на натпревар од шампионатот, а таму за жал, ја загуби најголемата битка.

Од стратегот денеска се збогуваше и неговиот поранешен клуб Шкупи.

„Со длабока тага се збогуваме со нашиот поранешен тренер, Младен Жижовиќ. Вашата посветеност, страст и лидерство секогаш ќе бидат запаметени“, напишаа од Шкупи. 

Се вчитува...