И Шпанците, преку Бахамите, чекираа билет за Париз

Кошаркарите на Шпанија обезбедија и седмо едноподруго учество на Олимписките игри, откако во финалето на квалификацискиот турнир во Валенсија славеа против незгодниот тим на Бахамите со 86-78.

На тој начин ја одбранија честа на европската кошарка и славеа против тимот во кој имаше и три НБА кошаркари, Диандре Ејтон, Ерик Гордон и Бади Хилд.

Шпанците на ЛОИ 2024 во Париз ќе се натпреваруваат во групата А, заедно со Австралија, Грција и Канада.

Лоренцо Браун беше најдобар кај Шпанија со 18 постигнати поени, а кај Бахамите, Бади Хилд заврши со 19 поени и шест скока.

Се вчитува...