И Шведска потклекна: Одложен стартот на фудбалското првенство

Шведска е последната европска земја која на коронавирусот се спротиставува без посериозно рестриктивни мерки, иако веќе е јасно дека шведската влада се повеќе соочувајќи се со опасноста веќе најавува можност за вонредна состојба.

Токму во ситуација кога сега се најавува затворање конечно и на училиштата, и Шведската фудбалска федерација потклекна пред Ковид-19. По зголемувањето на бројот на позитивни случаи, но и се поголемиот број на починати во скандинавската земја, Шведска одлучи да биде одложен почетокот на новата фудбалска сезона.

Фудбалскиот шампионат, кој требаше да стартува викендов, не почна а денеска е донесена одлука за одложување на истиот на неодредено време.Од Шведската фудбалска федерација најавија почеток на новото првенство најверојатно на почетокот на јуни.

Така сега единствена земја каде се игра фудбал останува Белорусија.

Се вчитува...