И Силекс стартуваше со подготовки за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ

Македонскиот фудбалски прволигаш Силекс денеска ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.
Екипата првиот дел од подготовките ќе го одработи во Кратово, а на 17 јануари ќе замине во Анталија, каде што ќе одигра неколку контролни натпревари кои дополнително ќе бидат објавени.
Првенството продолжува во првата недела од февруари, каде на домашен терен ќе го пречекаат Башкими.

Се вчитува...