По Марија Димовска, Македонија има уште еден светски јуниорски шампион во кик бокс. Силвио Мировски го освои златниот медал на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Мировски, во конкуренција на постари јуниори во категоријата до 71 килограм, во финалето го победи Иван Бородатји од Украина и го освои златото. Претходно, во полуфиналната борба славеше против Атанас Димов од Бугарија.
На Светското првенство учествува 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од 68 земји од светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА