И Силвио Мировски ќе се бори за злато на Светското првенство во кик бокс

И Силвио Мировски ќе се бори за златен медал на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Мировски, во конкуренција на постари јуниори во категоријата до 71 килограм, во полуфиналната борба славеше против Атанас Димов од Бугарија, па се приклучи на Марија Димовска и Лука Змејкоски кои исто така претходно обезбедија финале на шампионатот во своите категории.

Мировски во финалето ќе се бори со Иван Бородатји од Украина.

На Светското првенство учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од 68 земји од светот.

Се вчитува...