И Словенецот Марко Гајиќ го засили средниот ред на Ренова

Ренова го засили средниот ред на тимот за продолжението од сезоната и со словенечкиот фудбалер Марко Гајиќ.

23-годишниот Гајиќ меѓу „гипсарите“ доаѓа од редовите на словенечкиот второлигаш Триглав.

Словенецот е четврто засилување за Ренова досега во зимскиот преоден рок, по Арлинд Алити, колумбискиот напаѓач, 23-годишниот Џон Еди Мена Перез како и повратникот, голманот Вулнет Ислами.

Се вчитува...