И соиграчите му фаќаат сеир на Салах за наградата „Ференц Пушкаш“

Изборот на Мохамед Салах за наградата „Ференц Пушкаш“ за гол на годината предизвика бурни реакции, со оглед на силната конкуренција во која египетскиот ас сосема неочекувано се закити со признанието. Самиот Салах во текот на сезоната постигна поубави голови од оној што беше избран за најдобар, во конкуренција беа и ремек дела на Роналдо, Бејл, Меси… па јасно е зошто се појави сериозен сомнеж дека ФИФА решила да му даде било каква награда на Египќанецот, кој ја загуби битката за главното признание од Лука Модриќ.

Критики на адреса на ФИФА доаѓаат од сите страни, а сеир на Салах му фаќаат дури и неговите соиграчи од Ливерпул. Најоригинален дефинитивно беше Џејмс Милнер, кој на својот твитер профил напиша: Честитки, Мо Салах, што твојот седми најубав гол од минатата сезона беше избран за гол на годината.

Се вчитува...