И сопственикот на Лудогорец заразен од коронавирусот: Ги прекршил сите протоколи за изолација

Бугарскиот бизнисмен Кирил Домушчиев, сопственик на фудбалскиот клуб Лудогорец, е позитивен на коронавирусот, пренесуваат бугарските медиуми.

Домушчиев бил тестиран пред неколку денови, па при вториот тест е утврдено дека е позитивен на Ковид-19. Сепак, како што пишуваат бугарските медиуми, јавноста е револтирана бидејќи Домушчиев ги прекршил сите протоколи за ваков случај па отишол на тестирање во приватната клиника Софијамед, поради што потоа 180 члена од медицинскиот персонал и 170 пациенти завршиле во карантин. Сега болницата е чувана од полицијата без дозвола за влез и излез.

На прашањето како е дозволено да се прекршат правилата кои Кризниот штаб во Бугарија ги донел дека единствено тестирање на сомнителни може да има во четири државни клиники, бугарскиот епидемиолог Атанас Мангаров кратко одговорил: „Бидејќи тој е милионер“.

50-годишниот Домушчиев е сопственик на Лудогорец, кој е осумкратен бугарски шампион, па сега се подготвува и епидемиолошка слика дали и некој од вработените во фудбалскиот клуб или фудбалери биле во контакт изминатиов период.

Се вчитува...