И Стефан Лазаревиќ ги напушти „лавовите“

После информацијата дека Есмин Личина си замина од Македонија ЃП, стигна дека и Стефан Лазаревиќ го напушта освојувачот на Купот на Македонија. И за Лазаревиќ, исто како и за Личина на социјалните мрежи „лавовите“ претходно објавија дека го продолжил договорот. Меѓутоа до нова соработка не дојде.

Лазаревиќ има големо искуство во прволигашката конкуренција, откако во минатото настапуваше за Вардар, Тетекс, Гостивар, Борец, Скопје пред да се врати во својот матичен клуб во 2021 година.

Тој е четвртиот фудбалер кој си заминува од таборот на „лавовите“. Покрај него и Личина, од Македонија ЃП заминаа и Матиас Лемос и Ѓорѓи Стоилов.

Се вчитува...