После една сезона престој во Кратово, дефанзивецот Стефан Лазаревиќ го напушта тимот на Силекс. После 28 одиграни натпревари, и постигнат еден гол и запишани две аситенции, Лазаревиќ ќе има нов клуб во иднина.
Лазаревиќ во Силекс дојде од Македонија ЃП пред точно една година. Во минатото беше дел и од Вардар. Со „лавовите“ освои два трофеи во Купот на Македонија.
Од Силекс од следната сезона нема да бидат дел и Виктор Серафимовски како и Антонио Каланоски, кои ќе го напуштат кратовскиот тим. Ќе има уште некои имиња, но имајќи во предвид дека тројцата беа стандарни во штотуку завршената сезона, може да се каже дека Силекс ќе претрпи сериозни промени во играчкиот кадар за идниот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА