Се е подредено за успех на Вардар на претстојниот фајналфор турнир во Келн, па така дури и неповторливиот Стинг во својат прва посета на Македонија се согласи да го помести почетокот на неделниоот концерт во арената „Тодор Проески“. Доколку Вардар игра финале од 18 часот, постоеше сериозна опасност фановите да не можат да стигнат до арената за концертот, кој беше закажан за 20 часот.
Сепак, организаторот „Авалон Продукција“ беспрекорно го реши проблемот, успевајќи да се договори со Стинг неговиот настап да почне во 22 часот.
Соопштението на Авалон го пренесуваме во целост:
ПОЧЕТОКОТ НА НАСТАПОТ НА STING ВО НЕДЕЛА ВО 22 ЧАСОТ!!!
Драги пријатели,
Со огромно задоволство Ве информираме дека менаџментот на STING покажа огромно разбирање на нашето барање, со желба да го споиме убавото со корисното.
Имено, бидејќи постои шанса ракометниот клуб „Вардар“ да игра во финалето на „Final Four“ во недела со почеток од 18 часот, првиот настап вечерта на Влатко Стефановски трио ќе почне во 20:30 часот, додека Sting ќе го видиме на големата сцена во 22:00 часот.
На ваков начин сите оние коишто дури и од дома би го гледале ракометниот пренос, би можеле да стигнат навреме и на концерт.
Официјална саатница за недела:
Отворање врати: 17:45 часот
Влатко Стефановски трио: 20:30 – 21:30 часот
STING: 22:00- 00:00 часот
Се гледаме во недела на Градски!
Авалон Продукција
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА