И стручниот штаб во добра кондиција – го издржа тренингот на Кипар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

И комплетниот стручен штаб на македонската репрезентација се впушти во одработка на тренингот на националниот тим во Никозија, Кипар, во пресрет на дуелот против Ерменците кој не очекува во среда од 18 часот.

Шефот Игор Ангеловски во првите редови, заедно со асистентите Милан Илиевски и Џенгис Реџепи, ги поведе репрезентативците низ првиот тренинг на кипарско тло. И во добра кондиција активно го одработи безмалку комплетниот тренинг заедно со репрезентативците. Па, и кога нема многу фудбалери на „лагер“, добро е да се одржува кондицијата. А, всушност, и не беше така одамна кога, на пример, Илиевски ја заврши својата играчка кариера…

 

Се вчитува...