Не прастануваат соопштенијата од второлигашите по повод одиграното 19. коло. Реагираа од Слога Виница дека биле оштетени на дуелот во Македонска Каменица, а сега со реакција се јави и Тетекс.
Тие реагираат на дуелот одигран денеска со Караорман, кога според нив, не им биле досудени два пенали, а бил признат срамен гол.
„Фудбалскиот Клуб Тетекс 1953 се обраќа со прашања до фудбалската федерација.1.Дали сакате однапред да бидеме испаднати без фер борба?!2.До кога на терените во македонската втора лига главната улога ќе ја имаат судиите?!На последните два натпревари, главна улога имаа судиите со нивните “ненамерни” грешки.Имено, на натпреварот од 18-то коло правдата односно неправдата ја делеа Смоковски Кирил и неговите помошници Смилковски Марјан и Конески Дино.Во продолжение објавуваме две ситуации во кој очигледни пенали не беа досудени.
Истото продолжува на денешното 19-то коло каде неправдата ја делеа Илиоски Влатко и неговите помошници Трајковски Борис и Мишевски Иле, при што имаше и срамно признат гол од страна на Мишевски Иле. Четврти судија на мечот беше Смоковски Кирил“, стои во соопштението на Тетекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА