И Тибо Куртоа стана дел од сопствеништвото на Ле Ман

Кога бразилскиот бизнисмен Георгиос Франгулис стана нов сопственик на фудбалскиот клуб Ле Ман, бројни спортски ѕвезди кои всушност не се од светот на фудбалот „влегоа“ во клубот со него.

Во тој момент, најинтересната вест беше дека дел од акциите на клубот се во сопственост на Новак Ѓоковиќ, а од самиот почеток беше познато дека Фелипе Маса и Кевин Магнусен се меѓу групата инвеститори во клубот.

Сега голманот на Реал, Тибо Куртоа, се приклучи на оваа интересна група. Како што потврди самиот клуб, Куртоа е меѓу инвеститорите на клубот преку инвестицијата на NXTPLAY capitals.

OutFiled, во сопственост на Франгулис, има долга историја на управување со фудбалски клубови во Бразил каде е сопственик на Коритиба.

Се вчитува...