И двата македонски претставници во квалификациите од Конференциската лига, Тиквеш и Шкендија, го дознаа скратениот список можни противници за првото коло, пред ждрепката во Нион.
Шкендија, согласно европскиот коефициент, ја има носителската улога во квалификациите и поради тоа нешто полесни противници. Можни противници на тетовци Вележ од БиХ, Торпедо од Грузија, Малишева од Косово, Ноах од Ерменија и Ислох Минск од Белорусија.
Можни противници на Тиквеш се, пак, исландски Бреидаблик, Дуделанж од Луксембург, Тре Пене од Сан Марино, Сент Џозеф од Гибралтар и Крусејдерс од Северна Ирска. Важно е да не се паднат првите две екипи за кавадарчани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА