И Тиквеш се огласи со соопштение: Вината ќе си ја бараме во сопствените редови, а не во судиите

Откако Воска Спорт ги обвини судиите за мечот со Тиквеш, дека ги оштетиле во три наврати на денешниот меч, со соопштение се огласи и Тиквеш.

Кавадаречкиот клуб истакна дека вината нема да ја бара во други, туку во сопствените редови.

„После денешниот натпревар одигран во Охрид и реакциите на домаќините-ФК Воска за одлуките на судиите, сметаме дека лошата игра и реализација на двата клуба на денешниот, како и на останатите натпревари во првенството не треба да ја префрламе на судиите…

Ние ГФК Тиквеш како актуелен Куп Шампион, во иднина ќе се залагаме за подобрување на квалитетот на нашата игра, а со тоа и подобар пласман во натпреварувањето“, се вели во реакцијата.

Се вчитува...