Иконата на МотоГП, Валентино Роси, повеќе нема да вози во светскиот шампионат за издржливост на ФИА следната година, откако БМВ официјално го потврди заминувањето на својот најпознат возач од поставата ЛМГТ3.
Роси целосно влезе во светот на моторните трки во 2022 година, веднаш по завршувањето на неговата бесмртна кариера во Мото ГП.
Првично, тој се приклучи на тимот ВРТ и се натпреваруваше во „Ворлд Челенџ“, каде што полека градеше искуство во сосема поинаква дисциплина. Потоа дебитираше во ВЕЦ во 2024 година со БМВ, продолжувајќи ја соработката со германскиот тим.
Оваа година, блесна во Имола, каде што беше втор, но една казна поради контакт му ја одзедоа најдобрата шанса конечно да ја регистрира својата прва победа во ВЕЦ.
Тој блесна и на најпознатата трка на издржливост, 24 часа Ле Ман.
Но, со месеци се шпекулираше дека БМВ размислува за промени за 2026 година и дека Роси не е во плановите на германскиот гигант. А, сега и официјално ВРТ потврди дека Роси нема да биде дел од нивниот ВЕЦ состав следната сезона.
Неговиот автомобил со број 46 ќе биде заменет со бројот 69, управуван од Ентони Мекинтош, Ден Харпер и Паркер Томпсон.
Роси имаше тригодишен договор со БМВ, кој истекуваше на крајот од оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

