Некогашните легенди на Сао Паоло и италијанскиот Милан се сретнаа во ревијален натпревар на стадионот „Морумби“ кој заврши со победа на Бразилците од 4-1.
Сепак, најголемото внимание на мечот го привлече судирот на Холанѓанецот Кларенс Сидорф кој жестоко се нафрли кон Бразилецот Жосуе.
Бразилскиот ветеран погрубо од очекуваното за еден ваков меч стартуваше над Сидорф, а Холанѓанецот „полуде“ веднаш во обид и за физички да се пресметка со Жосуе. Но, беше спречен од останатите актери на теренот.
Josué vs Seedorf. Até no jogo festivo tem treta
pic.twitter.com/H3QQXoDVes
— Somos São Paulinos (@somosaopaulinos) December 16, 2023
На дуелот настапија и имиња како Кафу, Жуниор, Кака, Палиња… во редовите на Сао Паоло, а за Милан настапија и Дида, Костакурта, Панучи, Емерсон, Броки, Карбоне, Сержињо, Сидорф и Рикардо Оливеира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА