Фудбалерите на Тигрес го победија Монтереј со 2-1 во дербито од 15. коло на мексиканскиот шампионат. Домашната екипа победи на спектакуларен начин – со голови во 90. минута и во и 95. минута!
Стрелци беа Франциско Кордова и Николас Ибањез, на општа радост на навивачите на Тигрес, за големо славје против големиот градски ривал.
Голот за гостите, пак, во 51. минута од пенал, го постигна славниот Шпанец Серхио Рамос, по несекојдневна провокација на противничкиот голман, Аргентинецот Нахуел Гузман.
Непосредно пред судијата да даде знак за шут Рамос, голманот на домашните се обидуваше со свртен грб и со подскокнување на гол линијата да го концентрира Рамос. Но, кога судијата виде во каква позиција е голманот не даваше „зелено светло“ за Шпанецот да го изведе ударот.
Искусниот Рамсо не го вознемирија тие провокации, па мирно го изведе пеналот и погоди.
JAJA, el SHOW del Patón Guzmán a Sergio Ramos.
pic.twitter.com/LZm6quRfJn
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) April 13, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА