И тоа го видовме – Болт даде два гола на фудбалски меч (видео)

Усаин Болт конечно може да се пофали и со првите голови на почетокот од својата професионална фудбалска кариера. Актуелниот светски рекордер на 100 и на 200 метри настапува за Централ коуст маринерс, а по неколку одиграни пријателски натпревари тој денеска се запиша и меѓу стрелците, на дуелот со МекАртур саут-вест јунајтед.

Поранешниот атлетичар од Јамајка блесна во второто полувреме постигнувајќи убав погодок со удар со левата нога во 55. минута, а само 14 минути подоцна тој повторно ја смести топката во мрежата, овојпат со многу полесна задача по големото недоразбирање на противничкиот голман со дефанзивците.

Останува да се види дали овој настап е доволен да се убеди тренерот на Централ коуст маринерс да смета сериозно на Болт и во рамките од професионалната А-лига, што стартува наредниот викенд на терените ширум Австралија.

Се вчитува...