Почетокот на ЕВРО 2024 е суперинтересен, а покрај бројните возбудувања на теренот можевме да посведочиме и на неколку рекорди. Така, за првпат во историјата на европските шампионати бевме сведоци играч кој се наоѓа на теренот да биде повозрасен од селекторот на својата репрезентација.
Погодувате, селекторот е Јулијан Нагелсман, 34-годишниот стратег кој бележи добри резултати откако седна на клупата на германската репрезентација.
Домаќините го почнаа настапот на ЕВРО 2024 со убедлива победа над Шкотска, а на голот го имаа Мануел Нојер, кој има 38 години. Со тоа, германскиот ветеран стана првиот фудбалер со настап на еден европски шампионат за селектор кој е помлад од него, и тоа за цели две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА