И тоа мораше да се случи – Ибра призна дека има и подобри од него

Златан Ибрахимовиќ е светски познат по своите самобендисани изјави на бројни теми, но и шведскиот ас се најде во ситуација да признае дека во светот подобри од него.

Не станува збор за конкретен фудбалер, туку за дванесетте деца-херои од Тајланд, кои преживеаја дваесетина дена заробени во пештера во својата татковина. Тие гостуваа на познатото ТВ шоу на „Елен Деџенерис“, а водителката ги изненади кога за дополнителен гостин го повика Златан, кој имаше само пофални зборови за овие млади херои.

„Мислев дека јас сум храбар, но овој тим е похрабар од мене. Покажаа неверојатен тимски дух, имаа трпение, веруваа во другите додека се обидуваа да им помогнат да излезат од тешки ситуации. Тие се подобри од мене, ова најверојатно е најдобриот тим во светот“ – изјави 37-годишниот Ибрахимовиќ.

Се вчитува...