На натпреварот меѓу Расинг и Индепендиенте клуб се случи неверојатен инцидент кој за првпат е виден на зелените терени. Имено, фудбалерот на Индепендиенте Леандро Фернандез беше погоден со риба од трибините.
Сирова риба беше фрлена кон него од еден од навивачите на Расинг, со која беше удрен во левата страна од лицето, по што фудбалерот заврши на земја. Кадарот не изгледаше толку опасно на видеото, но Фернандез беше исечен по лицето од рибата (најверојатно со остра перка), поради што бил изваден од игра на носилки и не можеше да го продолжи натпреварот што Расинг на крајот го доби со 1-0.
Лекарите мораа да дојдат да му помогнат, па откако го прегледаа го изнесоа на носилки од терен.
🇦🇷 Leandro Fernández foi atingido por um peixe no clássico de Avellaneda do fim de semana passado. 🐟pic.twitter.com/D2mz4KOoYM
— Futebol Sul-americano (@futsulamerica_) July 18, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

