И тоа се случи: Го одби повикот од Германија за да игра за послаба селекција

Фудбалерот на Хаденхајм, Пол Ванер го одбил повикот од германскиот селектор Јулијан Нагелсман, за да може да биде дел од селекцијата на Австрија. Ванер кој е игра на Баерн Минхен на позајмица во Хаденхајм, сака во иднина да игра за Австрија.

Фудбалерот од средниот ред е роден во Австрија, но уште како мал се сели во Германија. Ги минува младинските категории на Баерн, а потоа дебитираше и за сениорскиот тим, за кого има шест настапи.

Со оглед дека конкуренцијата е огромна, Ванер последните две сезони ги мина на позајмица. Оваа сезона е во Хаденхајм, за кого во девет меча има два гола. Во минатото беше дел од младинските селекции на Германија, но наводно сега се одлучил дека сака да игра за земјата во која е роден.

Лајпциг во летниот преоден рок беше заинтересиран за него како замена за Симонс, но Баерн Минхен не го пушти.

Се вчитува...