Фудбалскиот клуб Ал Наср со заедничка согласност го раскина договорот со бразилскиот играч Алекс Телес.
Телес (31) пристигна во Ал Наср во јули 2023 година. Бразилскиот фудбалер имаше договор со клубот од Саудиска Арабија до јуни 2025 година. За Ал Наср одигра 44 натпревари и постигна три гола.
Пред Ал Наср, Телес играше за Севиља, Манчестер Јунајтед, Порто, Интер, Галатасарај, Гремио и Хувентуд. За бразилската репрезентација одигра 12 натпревари од 2019 до 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

