Манчестер сити е несопирлив. Тимот на Пеп Гвардиола го совлада и Тотенхем со 4-1, за 16.последователен триумф во Премиер – лигата. Надмоќта на „граѓаните“ дефинитивно не им дава многу надеж на останатите тимови во Англија дека можат да се надеваат на шампионската титула.
Илкај Гундоган го отвори резултатот во корист на Манчестер сити, а Кевин Де Бруин зголеми на 2-0. Габриел Хесус не успеа да искористи пенал, но Рахим Стерлинг во 80.минута постигна трет гол за домашниот состав за продолжување на неверојатната победничка серија. Потоа и уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а почесниот погодок за Тотенхем беше дело на Кристијан Ериксен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА