И Тоти задоволен: Рома доби своја кралица (ФОТО)

Добро е познато дека Франческо Тоти и кралот на Рома и Рим. Но, се чини дека овој клуб конечно доби и своја кралица.

Рома на својот фејсбук профил обајви фотографии со кои ги воодушеви своите навивачи, барем машката популација. Со дресот на „римската волчица“ се сликаше познатата американска манекенка и актерка, Емили Ратајковски.

Од Рома порачаа: „Потрагата по кралицата на Рим и на Рома заврши – Емили ја доби таа титула“. А, навивачите во своите коментари истакнуваат дека изборот не можеше да биде подобар!

 

Се вчитува...