Работнички го доживеа и третиот едноподруго пораз во домашниот шампионат, овој пат од Струга ТЛ на домашен терен со 1-2 во 24. коло, со што веќе сериозно ги загрозува своите позиции во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
А, тимот на Гоце Седлоски беше подобар тим во првото полувреме но не искористи две одлични можности преку Гандо за водство. Па, по промашувањата на „романтичарите“ следеше казната на стартот од второто полувреме на спротивната страна.
Стружани поведоа во 51. минута со прекрасниот гол на Марјан Радески. Во првата поизразита шанса на мечот, Радески одлични шутираше од 16 метри под гредата на Алексовски за водство од 0-1 на Струга ТЛ…
Сепак, Работнички успеа да дојде до израмнување на 1-1 со прекрасниот гол на Влатко Стојановски во 69. минута.
Но, радоста на домашните траеше само една минута. По одличната акција на Компаоре, во 70. минута Влајковиќ само лесно ја спроведе топката во мрежата на домашните за предност од 1-2 на стружани.
„Романтичарите“ по овој пораз ги чека тешка битка за опстанок во лигата, иако стартот на сезоната воопшто не најавуваше вакво нешто.
ПРВА ЛИГА – 24. КОЛО
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1-2
Стојановски 69′ – Радески 51′, Влајковиќ 70′
ВЧЕРА
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА 2-1
Каланоски 51′, Игнатов 78′ – Ивковиќ 68′
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-1
Лемос 18′ – Аганспахиќ 79′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-0
Велкоски 37′(п)
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА