Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го запиша и третиот пораз во квалификациската група која се игра во Португалија за пласман на Европското првенство во 2025 година.
По поразите од фаворизираните Франција и Португалија, денеска нашите млади девојки загубија и од репрезентацијата на Словачка со 0-4. Хорватова, Стракова на двапати и Слукова беа стрелци за победникот.
Нашите надежи овие квалификации ги завршија на последната позиција без ниту еден постигнат погодок и вкупна гол-разлика од 0-11.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА