И трет пораз за ракометарките на ЕМОФ

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и третиот пораз од исто толку натпревари на Европскиот младински олимписки фестивал.

Во денешниот меч подобри од нашите ракометарки беа Норвежанките кои славеа на рутински начин со 30- 23. За Македонија по седум погодоци постигнаа Димоска и Балоска.

Македонија заврши на последното место во својата група на ЕМОФ и ќе се  бори за пласман од 5. до 8. место.

Се вчитува...