Битолски Пелистер и во третиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија, стигна до реми. По нерешените дуели со Монтана (0-0) и Ботев Пловдив (2-2), сега повторно одиграа 2-2 против казахстанскиот прволигаш Каисар.
По првото полувреме „пелистерци“ имаа негатива од 0-2, но сепак со далеку поквалитетна игра од противникот во вториот дел успеаја да избегнат пораз. Најпрво, Баже Илијоски во 75. минута од пенал намали на 1-2, а израмнувањето дојде во 90 минута преку Антонио Бујчевски.
Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Наџи Шенсои дуелот го започна во следниот состав: Пашовски, Фернандо, Тошевски, Мециновиќ, Мишевски, Мирчевски, Љамчевски, Илиев, Лукаш, Силва и Илијоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА