И Циципас лесно до трето коло на Австралија опен

По Данил Медведев, и Стефано Циципас стигна лесно до третата рунда на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен. Гркот во второто коло со максимални 3-0 по сетови 6-3, 6-0 и 6-2 беше подобар од домашниот тенисер Ринки Хиџиката.

Во следната рунда Циципас за противник ќе го има подобриот од холандскиот двобој Талон Гирекспор и Ботик ван де Зандшулп.

 

Се вчитува...