Кошаркарите на Црвена Звезда, по примерот на Партизан, загубија во Мадрид, откако имаа предност од +16 во средината на третата четвртина. Меѓутоа падот на концетрација и одличниот напад на Реал Мадрид, го доведоа домашниот тим до прва предност во четвртата четвртина. Колку и да се враќаше белградскиот тим, на крајот не можеа против расположените Хезоња и Муса. На крајот победа од 101-94.
Нападот на Звезда делуваше одлично, меѓутоа на крајот не беше доволно да се совлада Реал. Недовиќ и Муса беа најефикасни со 30 поени.
Во вториот меч во исто време во Болоња во драматичен финиш, Панатинаикос славеше над Виртус со 79-81. Панатинаикос во еден миг имаше +17, и кога се чинеше дека лесно ќе дојде до победата, Италијанците во финишот стигнаа и до предност, но немаа сили да ја задржат. Грците со кош во последните секунди стигнаа до предност и до триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА