И Тунис и Мароко обезбедија пласман на Мундијалот

Покрај Гана и Сенегал, и селекциите на Мароко и на Тунис обезбедија пласман на Мундијалот во Катар оваа година. Мароко тоа го стори со победата над Конго од 4-1 во реваншот, после одиграните 1-1 на гостински терен.

Стрелци на головите за Мароко беа Оунахи, Тисудали, повторно Онуахи и на крај Хакими. Единствениот гол за Конго го постигна Маланго Нгита и само успеа да го ублажи поразот.

Тунис, пак, со победата над Мали на првиот меч, обезбеди учество во Катар. Тунижаните на вториот меч на домашен терен одиграа без голови, и така успеаја да обезбедат учество на Светското првенство.

Последниот патник од Африка ќе биде познат вечерва, а за тоа место се борат Алжир и Камерун, кои играат продолженија. Алжир славеше на првиот меч, додека Камерун на вториот со 1-0.

Се вчитува...