И Тунис испадна од АФКОН

Продолжува егзодусот на фаворитите на Африканскиот куп на нации. Откако Гана и Алжир веќе го завршија настапот, денеска од турнирот беше елиминиран и Тунис.

Така Тунижаните им се приклучија на Гана, Алжир, а можеби и на домаќинот Брегот на Слоновата Коска, кој исто така ќе испадне доколку Мароко вечерва од 21 часот не ја победи Замбија.

Тунис, шампионот на Африка во 2004 година, 90 и пол минути беше полош ривал од Јужна Африка, но во 89. минута Хајтам Џуини пропушти колосална можност вредна пласман во осминафиналето. Не успеа Џуини да ја искористи, а на крајот натпреварот заврши 0-0.

Се вчитува...