И Унгарија дозволи спорт со навивачи на трибините

Откако неколку европски земји се одлучија да дозволат враќање на спортот и со присуство на навивачи, на таков чекор се одлучи и Унгарија.

Владата на Унгарија донесе одлука за дозвола на спортските натпревари со присуство на навивачи.

„Од утре ќе може и присуство на навивачи на трибините. Со тоа што ќе може да се седи на секое четврто седиште на трибините. Пред вас и позади вас не смее да седи друг навивач“ – се вели, меѓу другото, во одлуката на унгарската влада.

Сега останува на клубовите и федерациите да ги имплементираат протоколите за присуство на навивачи ширум арените во Унгарија.

Се вчитува...