И Унгарија остана без клучен играч за ЕП

Се поголеми се проблемите за селекторите во пресрет на овој европски шампионат, овојпат Унгарија е репрезентацијата што објави дека ќе биде значително ослабена откако Бенс Бехниди ја загуби трката со времето.

Одличниот пивот се обиде да се опорави за да може да настапи на европскиот шампионат, но напорите на ракометарот и на лекарскиот тим не вродија со плод, па селекторот Чема Родригез денеска објави дека Бехниди нема да патува со остатокот од селекцијата за Шведска.

„Дали ќе може да ни се приклучи подоцна ако стигнеме подалеку? Кој може да го знае тоа… здравјето во секој случај е приоритет, а на Бехниди му треба уште време за да може да тренира со полна пареа и да игра. Се бореше навистина  храбро, даде се од себе, но за жал, тоа не беше доволно за да може да игра на стартот на овој шампионат“, изјави селекторот Чема Родригез.

Унгарците почнуваат со настап на ЕП 2026 со дуелот против Полска на 16 јануари, по што до крајот на првата фаза ќе се сретнат и со селекциите на Италија и на Исланд.

Се вчитува...