Утре најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе биде домаќин на поранешниот европски шампион Црвена Звезда во хуманитарен натпревар, во чест на трагично загинатите во пожарот во Кочани.
Црвена Звезда официјално информира дека на натпреварот од Белград доаѓаат и ветерани на клубот кои ќе бидат гости на натпреварот.
„Дел од хуманитарниот натпревар во Скопје ќе бидат и легендарните фудбалери од нашиот клуб, како Станислав Караси, Владимир Петровиќ Пижон, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Бошко Ѓуровски, Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Жарко Ѓуровиќ, Мирковиќ, Ораховац, Драган Канатларовски, Мрѓа, Душко Тошиќ, Горан Попов… Ветераните на Црвена звезда ќе излезат на терен на полувремето од мечот и ќе имаат почесен круг, а претходно ќе се дружат со ѕвездите во фан зоната од 17 до 19 часот“ – соопштуваат од Црвена Звезда.
Како што е познато, целиот приход од натпреварот ќе биде наменет за семејствата на загинатите во страшната несреќа во Кочани. Досега се продадени околу 20.000 билети за утрешниот дуел на арената „Тодор Проески“ кој почнува од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА