И во Ливерпул имаше прослава, се славеа двата трофеи во Купот

И покрај поразот во финалето во Лигата на шампионите синоќа, денеска во Ливерпул имаше прослава. Фудбалерите славеа заедно со своите фанови за двата освоени пехари во Купот. Ливерпул сезонава се закити со ФА Купот и Карабао Купот, а ја загуби титулата во последното коло во Премиерлигата, и финалето во Лигата на шампионите.

Фудбалерите беа видно расположени, иако вчера беа поразени во големото финале од Реал Мадрид со 1-0, и покрај тоа што доминираа на теренот.

Претходно Јирген Клоп и Џордан Хендерсон положија свежи цвеќиња во знак на жртвите од трагедијата на Хејсел пред 37 години.

Се вчитува...