И во НБА се игра со шест кошаркари (ВИДЕО)

Откако во АБА 2 лигата видовме како Златибор неколку минути играше со шест кошаркари, слична ситуација се случи и изминатата ноќ во НБА лигата на мечот меѓу Детроит пистонс и Индијана пејсерс.

На осум минути пред крајот на дуелот со Индијана, Пистонс направија грешка во поставата и на теренот испратија еден кошаркар повеќе. Сепак, за разлика од АБА 2 тоа веднаш беше воочено од судиите, а Детроит доби техничка грешка.

Се вчитува...