Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон беше уапсен заедно со уште еден маж по инцидент во близина на голф терен во округот Мерсисајд, соопшти полицијата.
Нападот се случил во неделата вечер околу 21 часот на улицата Фервеј, недалеку од голф клубот. По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата пронашла маж со повреди на лицето и ребрата.
Според полицијата во Мерсисајд, мажи на возраст од 50 и 43 години биле уапсени под сомнение за нанесување тешки телесни повреди. Двајцата се уште се во притвор каде што се испрашуваат.
Повредениот маж бил префрлен во болница, каде што лекарите извршиле детален преглед за повреди на лицето и ребрата.
Веста за апсењето дојде за време на претходното рочиште во Високиот суд во Лондон, како дел од тужбата за клевета на Бартон. Адвокатот истакна дека кратко пред почетокот на рочиштето, нивниот правен тим добил повик од дежурниот адвокат во полициската станица во Ливерпул, со информација дека Бартон е уапсен и е во притвор.
За време на неговата играчка кариера, Бартон играше за бројни клубови на Островот, вклучувајќи ги Манчестер Сити, Њукасл Јунајтед, Квинс Парк Ренџерс, Барнли и Глазгов Ренџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

