И во Скопје турнир „Триглав тенис УМАГ 2017“ под мотото „Да го чуваме здравјето“

Во спортска и опуштена атмосфера, во рамки на регионалните турнири на Групацијата Триглав, која стана горд спонзор на Croatia Open Umag, единствениот АТП турнир во регионот, изминативе денови беше одржан тенискиот турнир “Триглав Тенис УМАГ 2017” во организација и под покровителство на Триглав Осигурување АД Скопје.

Групацијата Триглав е верен и долгогодишен поддржувач на спортот и постојано работи на мотивaција и поттикнува учество во спортски активности меѓу љубителите на спортот, бидејќи спортот не инспирира, поттикнува и не здружува.

За таа цел, годинава беше организиран “Триглав Тенис УМАГ 2017”, кој што се одржа во повеќето држави во регионот, каде што Групацијата Триглав е присутна. Под мотото “Да го чуваме здравјето”, во Скопје, овој турнир се одржа во петокот, на 23 јуни, на тениските терени ТЕННИСПАРК, во комплексот Јане Сандански.

Учесници на овој турнир беа клиенти, соработници и пријатели на Триглав, кои во оваа прилика покажаа дека спортувањето и успехот во работата одат рака под рака и уште еднаш потврдија дека во здраво тело и духот е здрав.

Во турнирот земаа учество 23 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во три категории, мажи, поединечно до 45 години, мажи, поединечно над 45 години и двојки мажи.

„Ви благодарам на одличната организација, мило ми е што сум дел од овој турнир и истовремено горд што имам можност да се натпреварувам со толку добро подготвени и ентузијастични учесници“ – изјави Грегор Клеменчич, конзул од Р. Словенија во Р. Македонија.

„Одлично изведено, презадоволен сум. Триглав понуди одлична можност  да го замениме работното секојневие со спортски активности, кои што го хранат нашиот дух, и да го поминеме во  одлично дружење“ рече Панде Гацовски, од ЕВН Македонија, уште еден од учесниците на овогодинешниот турнир.

triglav 3

Сите учесници на турнирот го вложија својот максимум и професионално  одговорија на задачата. Ниту исклучително топлото време не беше пречка во вистински спортски дух да бидат одиграни сите натпревари, што претставува уште еден доказ дека желбата и упорноста значат чекор поблиску до успехот.

Но, победник секогаш е само еден. Во категоријата мажи, поединечно, до 45 години победи Владимир Аранџеловиќ од Црна Река Петрол, во категоријата мажи поединечно над 45 години Александар Христов од Пропоинт, додека во категоријата двојки победија Томислав Анчев и Владимир Дојчинов од НЛБ Банка.

triglav 1

Сите победници, овој јули ќе се натпреваруваат на мастер турнир во рамките на најпрестижниот тениски турнир во Умаг и ќе имаат можност да присуствуваат на егзибицискиот меч.

„Им благодариме на сите учесници, покажаа вистински натпреварувачки дух и желба за победа. Ни причинува задоволство што бевме дел од оваа убава приказна, и што барем малку придонесовме кон градење на вредности што промовираат здрав и квалитетен живот.  Денес сите ние сме победници, бидејќи бевме дел од спортот, се дружевме, поттикнавме позитивна енергија и, искрено се надевам, испративме порака дека спортот треба да биде дел од секојдневниот живот изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Се вчитува...