Грчкиот клуб Олимпијакос се соочува со исфрлување во втората лига поради сомнение за местење на натпреварот против Атромитос во 2015 година. Како што пренесуваат грчките медиуми меѓу оптужените за наместениот натпревар се вкупно 15 лица, меѓу кои и тогашниот тренер на Атромитос Рикардо са Пинто.
Олимпијакос натпреварот го доби со 2-1, а пред исклучување е и Атромитос. На сопствениците на двата клуба Евангелос Маринакис и Јоргос Спансу им се заканува затворска казна и доживотна забрана за извршување функции во грчкиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА